Турција, живот

Туркије: Дворот на зграда претворен во ботаничка градина

- Браќата Чобан, на задоволство на станарите, за 30 години засадија повеќе од 200 растенија во дворот на зградата.

Gorana Jakovljevic  | 13.07.2024 - Обновена : 15.07.2024
Туркије: Дворот на зграда претворен во ботаничка градина Фото: Беркан Четин

ИЗМИР (АА) - Жителите на зграда во областа Карабаглар во Измир, Туркије, имаат можност да уживаат во егзотична и тропска атмосфера и цвркотот на птиците во дворот на објектот во кој живеат, известува Анадолу.

Растенијата што ги засадија браќата Халил и Ајхан Чобан, задолжени за грижата на зградата, дворот го претворија во ботаничка градина.

Сѐ започнало пред 30 години кога двајцата браќа стартуваат со работа во оваа осумкатница со 52 стана. Зградата е позната по својата уникатна архитектура, а благодарение на браќата Чобан и нивната постојана грижа за дворот на објектот, станарите имаат и градина со повеќе од 200 растенија.

Разнобојните и разновидни цвеќиња, растенијата ползавци, кактуси, змејово овошје и други видови им го разубавуваат животот на станарите.

Браќата Чобан се горди на сѐ што направиле и наведуваат дека грижата за растенијата е како грижата за децата и дека колку повеќе се грижат за нив, растенијата се повитални.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.