Турција, живот

Туркије: Од снегот од Таурус се произведуваат популарни ледени десерти

Сезоната на собирање снег започнува во јуни кога температурата во Мерсин расте и трае до септември

Serkan Avci  | 11.06.2022 - Обновена : 13.06.2022
Туркије: Од снегот од Таурус се произведуваат популарни ледени десерти Фото: Serkan Avci/AA

МЕРСИН (АА) - СЕРКАН АВЏИ -

Седумдесетгодишниот Сезаи Кучукџонгар од турски Мерсин, веќе 16 години од снегот од планината Таурус прави слатки како „карсамбач“ и „биџи биџи“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сезоната на собирање снег започнува во јуни кога температурата во Мерсин расте и трае до септември.

Овој 70-годишник со двајца пријатели тргнува на пат во раните утрински часови еднаш неделно. Тој оди до највисоките делови на планината Таурус. Патувањето со камион трае околу два часа.

Потоа пеш сè до местото каде што ќе најдат снег.

Кучукчонгар ги чисти валканите делови од снегот, го сече со пила во калапи и го товари во камионот.

Во снегот додава розова вода, шеќер во прав, арома и разно овошје. Потоа го носи во продавницата каде што го продава како локален десерт.

Кучукчонгар за АА раскажа дека од 2006 година во текот на летото собира снег од високите делови на планината Таурус.

„Се подготвувам навечер. На пат тргнувам многу рано со моите двајца пријатели. Стигнуваме за околу два часа. По појадокот почнуваме со сечење на снегот. Го сечам, тие го ставаат во вреќа и го товарат“, раскажа Кучукчонгар.

Иако има 70 години, тој сè уште работи затоа што, како што вели, тоа го одржува во живот.

„Снегот што го собираме на планината го чуваме во фрижидер. За да го пробаат десертот доаѓаат луѓе од Адана и од Тарсус. За овие десерти во текот на викендите се создаваат редици“, додаде Кучукчонгар.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın