Турција, живот

Туркије: Рибари спасија срна во водите на Црно Море

Тие со рибарска мрежа успеале да ја извадат срната од студените морски води во чамецот

Yusuf Okur  | 04.03.2025 - Обновена : 06.03.2025
Туркије: Рибари спасија срна во водите на Црно Море

АРТВИН (АА) - Рибари спасија срна од морето во близина на Хопа во турски Артвин, јавува Анадолу.

Рибарите кои ловеле риби во водите на Црното Море забележале срна во брановите.

Тие со рибарска мрежа успеале да ја извадат срната од студените води во чамецот. Потоа срната им била предадена на тимовите од Националните паркови за заштита на природата.

Срната, која била прегледана од ветеринар, потоа е пуштена во шумското подрачје.

Атиф Чичек, еден од рибарите што ја спасија срната, раскажа дека забележале како нешто се движи на површината на морето и тргнале кон него.

„Со помош на пријателите ја извадивме на палубата. Ги известивме Национални паркови. Им ја предадовме срната, а потоа тие ја пуштија во дивината. Среќни сме што ѝ го спасивме животот“, рече Чичек.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.