живот

Фармер од Јапонија произведе диња тешка 80 килограми

Во градот Јокоте, северна Акита, фармерска задруга организира годишен натпревар за да ја регистрира најголемата диња во регионот

Ahmet Furkan Mercan  | 02.09.2022 - Обновена : 08.09.2022
Фармер од Јапонија произведе диња тешка 80 килограми Фото: АА/Илустрација

ТОКИО (АА) - Фармер од северна Јапонија со диња тешка 80 килограми што ја произведе оваа сезона, победи на натпреварот за избор на најголема диња, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во градот Јокоте, северна Акита, фармерска задруга организира годишен натпревар за да ја регистрира најголемата диња во регионот.

На натпреварот од сезонската реколта учествуваа седум џамбо дињи од видот Carolina Cross, произведени на фармите.

Земјоделците кои произведуваат огромни дињи кои можат да се транспортираат со виљушкари, со нетрпение го очекуваа исходот од натпреварот.

На натпреварот победи дињата од 80 килограми.

Произведувачот на дињата, Јамамото Тошио, наведувајќи дека со овоштарство се занимава повеќе од 30 години, рече дека е среќен поради победата.

Соопштувајќи дека претходно неговиот рекорд бил диња со тежина од 60 килограми, Јамамото истакна дека следната година има за цел да произведе диња од 100 килограми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın