Французинот кој го преплива Атлантикот тргна во освојување на Пацификот
Патувањето на Лекомт ќе биде и научен експеримент на група истражувачи кои ќе се обидат да откријат како патувањето од 9.000 километри ќе влијае на човечкото срце
Ankara
АНКАРА (АА) - Францускиот пливач Бен Лекомт (51), кој во 1993 година го преплива Атлантикот, заплива од Јапонија кон западните брегови на Соединетите Американски Држави (САД), за да стане со тоа првиот човек што го препливал Пацификот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британската телевизија Би-би-си (BBC) објави дека Лекомт тргнал од Јапонија, и дека во текот на наредните шест месеци во вода ќе поминува по осум часа дневно.
Францускиот пливач на овој начин сака да укаже на климатските промени, а на патот до САД го очекуваат големи потешкотии, како ајкулите, медузите, бурите и многу ниските температури на морето.
Истовремено, патувањето на Лекомт ќе биде и научен експеримент на група истражувачи кои ќе се обидат да откријат како патувањето од 9.000 километри ќе влијае на човечкото срце, и колкава штета на океанот му нанесуваат пластичниот и нуклеарен отпад кој настана по катастрофата во Фукушима.
Лекомт, кој живее во САД, во изминатиот период напорно тренираше за да се подготви физички и ментално за големиот пат.
Французинот во 1993 година го преплива Атлантикот, а за патот долг 6.400 километри му беа потребни 73 дена.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.