свет, живот

Холандија има највисок просечен број велосипеди по глава на жител во светот

Со цел да се поттикне употребата на еколошки и здрави превозни средства, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во 2018 година, 3 јуни го прогласи за Светски ден на велосипедизмот

Abdullah Aşıran, Cüneyt Karadağ, Şenhan Bolelli, Ömer Faruk Yıldız  | 02.06.2022 - Обновена : 03.06.2022
Холандија има највисок просечен број велосипеди по глава на жител во светот Фото: Abdullah Aşıran/AA

РОТЕРДАМ (АА) – АБДУЛА АШИРАН –

Холандија со население од 17 милиони е позната како „земја на велосипедите“ со 23 милиони велосипеди, во просек 1,3 велосипеди по глава на жител во светот, пишува Агенција Анадолија (АА).

Со цел да се поттикне употребата на еколошки и здрави превозни средства, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во 2018 година, 3 јуни го прогласи за Светски ден на велосипедизмот.

На овој ден се охрабрува одржување на меѓународни и локални настани за поддршка на развојот на велосипедската култура во заедницата.

Според податоците објавени од Здружението на холандски велосипедисти, од вкупно 1 милијарда велосипеди во светот, 2,3 отсто се наоѓаат во Холандија. Во просек секое лице во оваа земја има по 1,3 велосипеди.

По Холандија, следува Данска со 0,8 отсто, Јапонија со 0,6, Белгија со 0,5, Кина со 0,4 и САД со 0,3 во просечниот број велосипеди по глава на жител.

– Холандија –

Велосипедот, кој е дел од секојдневниот живот во Холандија, го користат сите од 7 до 70 години.

Со население од 17 милиони, Холандија, која сочинува 0,2 отсто од светското население, има 23 милиони велосипеди.

Во Холандија велосипедот најмногу се користи за патување и превоз на деца до училиште, а се претпочита и за рекреација, без разлика на временските услови. Според податоците, велосипедите 22 отсто се користат за работа, 18 отсто за одење на училиште и 14 отсто за пазарување. Покрај тоа, 31 отсто од луѓето велосипедите ги користат за рекреација и 16 отсто за други цели.

Во земјата, каде што возењето велосипед е начин на живот, секоја година се продаваат околу 1 милион нови велосипеди. Половина од нив се електрични велосипеди кои обезбедуваат дополнителна енергија во педалите, благодарение на батеријата на нив.

Мнозинството од луѓето со велосипедот се запознаваат на млада возраст и користат половни велосипеди.

Во Холандија за изнајмување има приближно 22.000 велосипеди на повеќе од 300 различни локации. Велосипедите, откако ќе се изнајмат за одредена сума, се враќаат на местото каде што се земени.

Велосипедските патеки во земјата се со должина од 37.000 километри. Просечно еден жител годишно на велосипед минува 888 километри. Годишно низ целата земја на велосипед се поминува околу 15 милијарди километри.

Велосипедот се претпочита затоа што е корисен за здравјето и овозможува избегнување на сообраќајниот метеж, особено во големите градови, а исто така е популарно економично превозно средство.

Доколку 10 работници ги користат своите велосипеди наместо автомобили три дена во неделата и возат велосипед по 20 минути до и од работа, тоа на работодавачот му заштедува 18.654 евра годишно во однос на продуктивноста и избегнувањето отсуство од работа.

Околината на железничките станици е резервирана за велосипеди. Градот Утрехт, кој се смета за центар на железничките станици, го има најголемиот велосипедски парк во светот со капацитет од 12.500 велосипеди.

Жените претпочитаат возење велосипед 80 отсто повеќе од мажите. Жените го користат велосипедот 180 милиони пати годишно, додека мажите 100 милиони пати.

Годишно во Холандија се крадат половина милион велосипеди. Финансиската штета предизвикана од украдените велосипеди изнесува 600 милиони долари годишно.

– Шпанија –

Шпанците се во средината од земјите од Европската Унијакога станува збор за возење велосипед.

Според истражувањето објавено од „Глобал консјумер сурвеј“ во 2021 година, 24 отсто од населението на возраст од 18 до 64 години во Шпанија претпочита велосипед најмалку двапати неделно за градско возење.

Седум отсто од Шпанците користат велосипед дневно, а 48 отсто од населението се изјаснило дека се корисници на велосипед.

Владата има за цел да ја зголеми дневната употреба на велосипеди низ земјата на 10 отсто до 2030 година.

Во Шпанија, 47 отсто од градовите за граѓаните нудат евтини јавни услуги за изнајмување електрични велосипеди (помеѓу 25-50 евра месечно). Користењето на велосипед е голема, особено во Виторија, Севиља, Барселона, Валенсија, Сан Себастијан, Лас Палмас и Сарагоса.

– Швајцарија –

Во Швајцарија, продажбата на велосипеди и електронски скутери се зголеми по епидемијата на Ковид-19. Шеесет и девет од секои 100 домаќинства имаат најмалку еден велосипед.

Вкупниот број национални и урбани велосипедски патеки во земјата каде што годишно се продаваат во просек по 320.000 велосипеди, достигна 8.500 километри.

Во земјата има 9 национални и 54 регионални велосипедски патеки, а локалните власти го зголемуваат бројот на велосипедски патеки за да го намалат сообраќајниот метеж и да промовираат еколошки транспорт.

– Германија –

Во Германија има 81 милион велосипеди. Исто како во Швајцарија, зголемена е продажбата на велосипеди и електронски скутери.

Минатата година во земјата се произведени 2,3 милиони велосипеди.

Минстер е познат како град на велосипедите во Германија.

Германија 20 отсто од велосипедите ги увезува од Камбоџа.

Најпопуларната велосипедска патека во земјата е Елбрадвег. Патот од Куксхафен на чешката граница до Бад Шандау е долга 860 километри.

Особено Берлин го зголемува бројот на патеки за велосипеди со цел да промовира еколошки транспорт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.