Шарените чамци во египетски Луксор на туристите им нудат незаборавна пловидба по Нил
- Луксор го посетуваат многубројни туристи што ги разгледуваат историските чуда на древен Египет, а во текот на посетата имаат можност и да уживаат во пловидбата по Нил
КАИРО (АА) - Реката Нил, една од најдолгите реки во светот, во Луксор е посебно атрактивна за туристите што го разгледуваат богатото историско наследство во овој египетски град, известува Анадолу.
Еден од градовите, кој крие голем број мистерии на древната египетска цивилизација и ги отвора вратите за туристите од целиот свет, секако е Луксор. Многумина го сметаат за еден од најголемите музеи на отворено во светот.
Луксор го посетуваат многубројни туристи што ги разгледуваат историските чуда на древен Египет, како што се гробницата на фараонот Аменхотепа, неверојатните храмови во Каранака, пирамидите и двете долини на кралевите и кралиците. Таму се пронајдени стотина гробници, вклучително и на фараоните Тутанкамон и Рамзес.
На Нил има голем број шарени чамци што на туристите им нудат незаборавна пловидба по оваа фасцинантна река. Специфичната декорација и египетската музика го дополнуваат доживувањето на туристите.