живот

Њујорк се подготвува за Ноќта на вештерките

- Големо внимание привлекува куќата „Вајтстоун“ во Њујорк, која е осветлена и уредена пред Ноќта на вештерките. Куќата ги чека посетителите во костими на духови, чудовишта и ликови од хорор-филмовите.

Aldijana Hadzic  | 23.10.2022 - Обновена : 25.10.2022
Њујорк се подготвува за Ноќта на вештерките Фото: окман Вурал Елибол / АА

ЊУЈОРК (АА) - Во американскиот град Њујорк во тек се подготовките за Ноќта на вештерките (Halloween), известува Агенција Анадолија (АА).

Ноќта на вештерките е ноќта на 31 октомври, пред Денот на сите светци, и спаѓа меѓу најпопуларните празници на целиот свет, првенствено поради костимите што се носат и колачите што се делат во текот на ноќта.

Големо внимание привлекува куќата „Вајтстоун“ во Њујорк, која е осветлена и уредена пред Ноќта на вештерките. Куќата ги чека посетителите во костими на духови, чудовишта и ликови од хорор-филмовите.

Иако обичајот за маскирање е најпопуларен во земјите како што се САД, Канада и Австралија, оваа традиција сѐ повеќе е присутна и во останатите делови од светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın