„Diner en Blanc“ - вечера во бело се одржа во Њујорк
- Концептот на манифестацијата е многу едноставен - учесниците треба да се облечени во бело, а нивните маси, столчињата, прекривките за маси и останатиот прибор исто така треба да се во бела боја
ЊУЈОРК
Во американскиот град Њујорк синоќа се одржа „Diner en Blanc“, најголемата гурманска сензација во светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Концептот на манифестацијата е многу едноставен - учесниците треба да се облечени во бело, а нивните маси, столчињата, прекривките за маси и останатиот прибор исто така треба да се во бела боја.
„Diner en Blanc“ се одржува во повеќе од 120 земји во светот, а во Њујорк се врати по две години, пауза која беше воведена поради пандемијата на коронавирусот.
Овогодинешната манифестација се одржа во Брукфилд Плејс (Brookfield Place).