наука и технологија, Коронавирус

Вакцината против Ковид-19 на „Фајзер-БајоНтек“ целосно ефикасна за деца од 12 до 15 години

„Резултатите се базирани на анализа на 2.228 учесници во студијата“

Övünç Kutlu  | 23.11.2021 - Обновена : 24.11.2021
Вакцината против Ковид-19 на „Фајзер-БајоНтек“ целосно ефикасна за деца од 12 до 15 години

АНКАРА (АА) - Компанијата „Фајзер“ соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 развиена заедно со германскиот партнер „БајоНтек“ е целосно ефикасна кај младите луѓе на возраст од 12 до 15 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Наодите на компаниите од испитувањата во 3. фаза покажаа дека серија од две дози од вакцината, 30 микрограми по доза, била 100 отсто ефикасна против Ковид-19, измерена седум дена до повеќе од четири месеци по втората доза.

„Резултатите се базирани на анализа на 2.228 учесници во студијата“, се вели во соопштението на „Фајзер“.

Претседателот и извршен директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека „стапките на Ковид-19 се зголемуваат во оваа возрасна група во некои региони, додека аплицирањето вакцини е забавено“.

Извршниот директор и коосновач на „БајоНтек“, Угур Шахин, истакна дека резултатите се „први и единствени откриени долгорочни податоци кои ја демонстрираат безбедноста и ефикасноста на вакцината за Ковид-19 кај поединци на возраст од 12 до 15 години“.

Канада во четвртокот ја одобри вакцината „Фајзер-БајоНтек“ со две дози за деца на возраст од 5 до 11 години.

Вакцината „Фајзер-БајоНтек“, исто така, доби одобрение во САД во петокот за нивните бустер дози од вакцината за возрасни, кои ќе се администрираат најмалку шест месеци по завршувањето на примарната серија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.