Во Белорусија расте бројот на заразени и починати од Ковид-19
Министерството за здравство на Белорусија соопшти дека во последните 24 часа се забележани 947 случаи на заразување, со што вкупната бројка на заразени достигна 26.772
НУР СУЛТАН
Во Белорусија, која долго време се спротивставуваше на воведувањето рестриктивни мерки против пандемијата, зголемен е бројот на заразени и починати од коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Белорусија соопшти дека во последните 24 часа се забележани 947 случаи на заразување, со што вкупната бројка на заразени достигна 26.772.
Истовремено бројот на починатите е зголемен за пет и сега изнесува 151, додека од коронавирусот во таа земја се опоравиле вкупно 8.168 лица.
Во Белорусија од почетокот на пандемијата направени се 308.156 тестирања на Ковид-19.
Службеникот на Светската здравствена организација (СЗО) Патрик Оконор кон средината на април ја повика Белорусија да воведе нови мерки на спречување на ширењето на коронавирусот, загрижен дека епидемијата би можела да влезе во нова загрижувачка фаза.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко пред тоа ја намалуваше потребата за донесување мерки, вклучувајќи мерки на социјална дистанца, а говореше и дека пиењето вотка, возење трактор и капење во сауна може да помогне во борбата против вирусот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.