свет, Коронавирус

Израел: Третата доза од вакцината против Ковид-19 создава 10 пати повеќе антитела од втората доза

Во рамки на истражувањето на болницата „Шеба“, споредено е нивото на антитела кај здравствените работници во болницата една недела по примањето на втората и третата доза

Mustafa Deveci  | 15.09.2021 - Обновена : 16.09.2021
Израел: Третата доза од вакцината против Ковид-19 создава 10 пати повеќе антитела од втората доза

КУДС (АА) - Истражувањето направено во Израел откри дека третата доза од вакцината против Ковид-19 создава 10 пати повеќе антитела во споредба со втората доза, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Израелскиот јавен емитер (КАН) ги објави резултатите од истражувањето на болницата „Шеба“ во врска со нивото на антитела во телото на човекот по примената втора и трета доза.

Во рамки на истражувањето, споредено е нивото на антитела кај здравствените работници во болницата една недела по примањето на втората и третата доза.

Истражувањето откри дека нивото на создадени антитела по третата доза е 10 пати поголемо во споредба со втората доза.

Во Израел, чие население брои 9,4 милиони жители, 6,05 милиони лица примиле една доза, 5,56 милиони лица примиле две дози, додека 2,96 милиони лица примиле три дози од вакцините против Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.