свет, Коронавирус

Научни истражувања: Невакцинираните се изложени на 11 пати поголем ризик од смртен исход поради зараза со Ковид-19

- Извештајот се темели врз спроведни прегледи на случаи на заразени, хоспитализација и смртни случаи во 13 американски сојузни држави, а од Центарот за контрола и превенција на болести тврдат дека повторно е потврдена ефикасноста на вакцините

Michael Gabriel Hernandez  | 11.09.2021 - Обновена : 13.09.2021
Научни истражувања: Невакцинираните се изложени на 11 пати поголем ризик од смртен исход поради зараза со Ковид-19

ВАШИНГТОН 

Невакцинираните поединци се соочуваат со 11 пати поголем ризик од фатален исход во случај на зараза со коронавирус за разлика од лицата што се вакцинирани, се наведува во извештајот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, известува Агенција Анадолија (АА).

Рошел Воленски, директорката на Центарот за контрола и превенција на болести соопшти дека извештајот се темели врз спроведни прегледи на случаи на зараза, хоспитализација и смртни случаи во 13 американски сојузни држави и додаде дека тој претставува доказ за моќта на вакцината против коронавирусот.

Истражувањето е спроведено врз 600.000 заразени полнолетни лица и податоци од 187 болници во 13 американски сојузни држави.

Студијата ги проучува податоците од последните два месеци, кога високо преносливата делта варијанта стана доминантен вид на коронавирус во САД и открива дека, покрај тоа што вакцината во голема мерка ја зголемува заштитата од смртни случаи поврзни со вирусот, таа во исто време штити и од инфекција и хоспитализација.

Воленски изјави дека во однос на вакцинираните лица, невакцинираните единки се соочуваат со околу 4,5 пати поголема веројатност да добијат Ковид-19 и повеќе од 10 пати поголема веројатност дека ќе бидат хоспитализирани.

„Како што покажавме во низа студии, вакцината функионира. Закључок е дека имаме научни алатки кои ни се потребни за да го смените текот на пандемијата“, истакна Воленски.

Целосните резултати од студијата наскоро ќе бидат објавени на веб-страницата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın