свет, Коронавирус

СЗО: „Досега нема пријавени смртни случаи од варијантата Омикрон, истражувањата продолжуваат“

„Силно се препорачува производителите на вакцини веќе да започнат да ја планираат можноста да мора да ја заменат постоечката вакцина.“

Bayram Altuğ  | 03.12.2021 - Обновена : 05.12.2021
СЗО: „Досега нема пријавени смртни случаи од варијантата Омикрон, истражувањата продолжуваат“

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) извести дека сè уште не е пријавен смртен случај како последица на варијантата Омикрон на Ковид-19, а продолжуваат истражувањата дали новата варијанта е заразна и предизвикува сериозни заболувања, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кристијан Линдмеиер, портпаролот на СЗО, на неделната прес-конференција одржана во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, одговори на прашањата на новинарот на Агенција Анадолија (АА) за изјавите на производителите на вакцини за варијантата Омикрон.

Во врска со најавите за „нова вакцина против Омикрон“ од „Модерна“ и „Фајзер“/„БајоНТех“, Линдмеиер рече: „Силно се препорачува производителите на вакцини веќе да започнат да ја планираат можноста да мора да ја заменат постоечката вакцина. Тоа е подобро, отколку да се чека да заѕвони последното ѕвоно за тревога.“

Линдмеиер, нагласувајќи дека е потребно време да се открие дали сегашните вакцини за Ковид-19 се ефикасни против Омикрон, рече дека ефективноста на вакцините ќе се открие откако ќе се соберат сите истражувања.

Наведувајќи дека ќе биде потребно извесно време за да се направи целосна анализа на варијантата Омикрон, Линдмеиер потсети дека кога првпат се појавила варијантата, периодот за анализа го најавиле дека ќе трае две-три недели.

- „Во моментов доминантна варијанта во епидемијата е варијантата Делта со 90 проценти“ -

Линдмеиер рече дека продолжуваат набљудувањата во земјите каде што се појави варијантата и дека ќе имаат јасни информации за Омикрон откако резултатите ќе бидат пријавени во СЗО.

„Мораме да одиме чекор по чекор и да ги собереме сите [податоци] на едно место“, нагласи Линдмеиер.

Истакнувајќи дека сѐ уште не е пријавен смртен случај во СЗО од варијантата Омикрон, Линдмеиер додаде дека продолжуваат истражувањата за заразноста на новата варијанта и за можноста од предизвикување сериозни болести.

Портпаролот на СЗО, меѓу другото, подвлече дека доминантна варијанта во епидемијата е варијантата Делта со 90 проценти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın