Турција, Коронавирус

Турција: Воведен четиридневен полициски час во 15 градови

Полицискиот час стапува на сила во главниот град Анкара, како и во Баликесир, Бурса, Ескишехир, Газиантеп, Истанбул, Измир, Кајсери, Коџаели, Коња, Маниса, Сакарја, Самсун, Ван и Зонгулдак

Seda Sevencan  | 16.05.2020 - Обновена : 16.05.2020
Турција: Воведен четиридневен полициски час во 15 градови

АНКАРА

Турција воведе четиридневен полициски час во 15 области, почнувајќи од петок на полноќ, во настојување да го запре ширењето на новиот коронавирус (Ковид-19), од чии последици досега во таа земја починаа 4.055 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Полицискиот час стапува на сила во главниот град Анкара, како и во Баликесир, Бурса, Ескишехир, Газиантеп, Истанбул, Измир, Кајсери, Коџаели, Коња, Маниса, Сакарја, Самсун, Ван и Зонгулдак.

Првиот полициски час со цел спречување на ширењето на коронавирусот беше прогласен на 11 и 12 април, а следуваа и нови во изминатите недели.

Во Турција се потврдени 4.055 смртни случаи од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), додека 106.133 лиѓе се опоравија од Ковид-19. Досега се потврдени 146.457 случаи случаи на заразување со коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın