Археолозите во Холандија открија светилиште старо 4.000 години
Археолозите пронајдоа посмртни останки на 80 луѓе што биле изгорени и закопани во светилиштето. Според изворот, древната градба била место за прослави, ритуали и гробни места цели 800 години
АМСТЕРДАМ (АА) - Археолозите во Холандија открија светилиште старо 4.000 години, јавува Анадолу.
Градот Тиел објави соопштение во кое наведува дека светилиштето е откриено во централниот дел на земјата и дека има соларен календар.
Општинскиот археолог Илсе Шуринг рече дека за завршување на работите биле потребни шест години.
Примерокот од реконструкцијата што им е откриен на новинарите во средата докажува дека светилиштето во свое време било спектакуларно изградено.
Се наведува дека древниот храм има седум слоја земја и дека се наоѓа на индустрискиот имот Медел.
Археолозите пронајдоа посмртни останки на 80 луѓе што биле изгорени и закопани во светилиштето. Според изворот, древната градба била место за прослави, ритуали и гробни места цели 800 години.
Проучувајќи ја разликата во составот и бојата на глината, научниците лоцираа три гробни могили на местото на ископувањето, на неколку километри од брегот на реката Вал.
Главната тумба е со дијаметар од околу 20 метри со премини распоредени на начин да служат како соларен календар.
Деталниот научен извештај ќе биде објавен наесен откако ќе заврши деталното истражување.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.