култура и уметност

Во Германија започна сезоната на карневали што ќе трае до наредната година

– Вчера во 11:11 часот, како и секоја година во Германија, започна сезоната на карневали што носи симболичен назив „петта годишна доба“, а која оваа година одбележува два века од своето постоење

Aida Cako  | 12.11.2024 - Обновена : 12.11.2024
Во Германија започна сезоната на карневали што ќе трае до наредната година Фото: АА

ДИЗЕЛДОРФ (АА) – Вчера во 11:11 часот, како и секоја година во Германија, започна сезоната на карневали што носи симболичен назив „петта годишна доба“, а која оваа година одбележува два века од своето постоење, јавува Анадолу.

​​​​​​​ Со шарени костими и музика, учесниците го започнаа празникот на 11 ноември со традиционалното будење на ликот Хопедиц, симболот на хуморот и сатиричната критика.

Карневалот во Дизелдорф трае до „пепелна среда“ наредната година и е еден од најголемите карневалски настани во Германија, заедно со познатите карневали во Келн и Мајнц.

Овие настани привлекуваат илјадници локални и странски посетители, кои се собираат да ја проследат карневалската поворка и многубројните настани што се одржуваат низ градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın