култура и уметност

Во Египет пронајдена можеби најстарата мумија на светот

- Пронајдената мумија му припаѓа на маж и нејзиното име е Хека Шибс. Овој ковчег не е отворен 4.300 години. Ова е најстарата мумија што досега е пронајдена, освен откриените кралски мумии, изјави египетскиот археолог Захи Хавас.

Ferdi Bayat  | 28.01.2023 - Обновена : 31.01.2023
Во Египет пронајдена можеби најстарата мумија на светот Фото: Фарид Котб / АА

КАИРО (АА) - Мумија, 9 статуи и некои вредни предмети што им припаѓаат на 5-тата и 6-тата фараонска династија пронајдени се во текот на археолошките истражувања во историскиот регион Сакара, каде што се наоѓаат кралските гробници во Египет, известува Агенција Анадолија (АА).

Египетскиот археолог и министер за древни антиквитети Захи Хавас, одговорен за тимот што ги спроведува археолошките истражувања во древниот регион Сакара, изјави дека во тек е ископување на пронајдената мумија, за која се проценува дека е стара 4.300 години, како и на 9 статуи и некои вредни предмети.

Хавас наведе дека пронајдените артефакти датираат од 5-тата фараонска династија (период од 2487 до 2449 година пред новата ера) и 6-тата фараонска династија (период од 2345 до 1821 година пред новата ера).

Хавас изјави дека статуите се изработени од варовник и досега не успеале да одредат кому му припаѓаат.

„Пронајдената мумија му припаѓа на маж и нејзиното име е Хека Шибс. Овој ковчег не е отворен 4.300 години. Ова е најстарата мумија што досега е пронајдена, освен откриените кралски мумии“, додаде Хавас.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın