култура и уметност

Во Перу откриена мумија стара над 3.000 години

- Мумијата е откриена за време на активностите за обновување и презервација што се изведуваат на археолошкиот локалитет Хуака Ла Флорида од страна на Општина Римак во соработка со Националниот универзитет на Сан Маркос

Esra Tekin  | 23.06.2023 - Обновена : 02.07.2023
Во Перу откриена мумија стара над 3.000 години Фото: Клебер Васкез

ИСТАНБУЛ (АА) - Археолозите открија добро зачувана машка мумија во гробница од камен во текот на ископувањата во подрачјето на Римак во Лима, Перу, јавува Анадолу.

Мумијата била замотана во локално произведен памук, а покрај неа биле пронајдени различни предмети, како ѓердани, пченка и семиња. Се проценува дека овие артефакти се стари над 3.000 години.

Мумијата е откриена за време на активностите за обновување и презервација што се изведуваат на археолошкиот локалитет Хуака Ла Флорида од страна на Општина Римак во соработка со Националниот универзитет на Сан Маркос.

Археолозите добија дозвола од Министерството за култура на Перу да продолжат со ископувањата и дополнително да го истражат историскиот локалитет кој е признат како светско културно наследство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın