Во Скопје започна седмото издание на „Статуафест"
Под мотото „Голема брзина на стоењето“, бројни артисти изведуваа пред публиката и љубопитните минувачи на улицата и плоштадот „Македонија“
СКОПЈЕ (АА) - Во центарот на Скопје започна седмото издание на уличниот уметнички фестивал на живи статуи „Статуафест“, јавува Анадолу.
Под мотото „Голема брзина на стоењето“, бројни артисти изведуваа пред публиката и љубопитните минувачи на улицата и плоштадот „Македонија“.
Организатор на фестивалот е уличната театарска продукција „Театроск“, од каде велат дека мотото на овогодишниот фестивал е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и неколку приватни донатори.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.