култура и уметност

Во Скопје започна 15. издание на фестивалот за документарен филм „МакеДокс“

Фестивалските активности ќе се одвиваат до 22 август во просторите на Куршумли-ан, Музејот на Македонија, Сули-ан и Младинскиот културен центар

Abdulbesar Ademi  | 16.08.2024 - Обновена : 19.08.2024
Во Скопје започна 15. издание на фестивалот за документарен филм „МакеДокс“ Фото: Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Куршумли-ан во Старата скопска чаршија, под мотото „Копање емоции низ времето“, синоќа се отвори 15. издание на фестивалот на документарен филм „МакеДокс“, јавува Анадолу.

Фестивалските активности ќе се одвиваат до 22 август во главниот град Скопје, односно во просторите на Куршумли-ан, Музејот на Македонија, Сули-ан и Младинскиот културен центар.

Во програмата на отворањето синоќа беа прикажани два документарни филма, краткометражниот филм „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат (САД, 2022) и долгометражниот филм „Целулоидно подземје“ (Велика Британија/Иран, 2023) на Иранецот Ехсан Кошбахт.

По проекцијата на филмовите, во рамките на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, во Куршумли-ан настапи македонската музичарка Зарина Првасевда, а вечерта ја затвори диџејот Ишјан Твин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.