култура и уметност

Египет: Древните храмови во Луксор, едни од најпосетените историски локалитети во светот

Големината на комплексот, како и неговите различни архитектонски, уметнички и лингвистички детали, го прават непроценлив историски локалитет и извор на сознанија за развојот на Древен Египет

Ekipa  | 27.11.2021 - Обновена : 28.11.2021
Египет: Древните храмови во Луксор, едни од најпосетените историски локалитети во светот

ЛУКСОР (АА) - Голем број домашни и странски туристи се воодушевуваат на чудата на древниот свет во античкиот град Луксор, во Египет.

Во комплексот храмови, што се претпоставува дека е изграден 1.400 години пр. н. е., се наоѓаат храмовите Карнак и Луксор.

Храмот Карнак е претставен со повеќе храмови со кои фараоните оставале печат на своето владеење.

Големината на комплексот, како и неговите различни архитектонски, уметнички и лингвистички детали, го прават непроценлив историски локалитет и извор на сознанија за развојот на Древен Египет.

Инаку, древниот град Луксор, познат и како најголем музеј на отворено во светот, годишно го посетуваат милиони туристи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın