култура и уметност

Портретот на Мерилин Монро од Енди Ворхол се продаде за 195 милиони долари

Еден од портретите на Ворхол на Мерлин Монро направен во 1960-тите, е продаден за 195 милиони долари и стана најскапото уметничко дело од 20. век

Betül Yürük  | 10.05.2022 - Обновена : 11.05.2022
Портретот на Мерилин Монро од Енди Ворхол се продаде за 195 милиони долари christies.com

ЊУЈОРК (АА) - Портретот на Мерлин Монро на американскиот уметник Енди Ворхол, водачот на поп-арт движењето, е продаден за 195 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портретот именуван како „Shot Sage Blue Marilyn“ беше ставен на аукција во „Кристис“ во Њујорк.

Еден од портретите на Ворхол на Мерлин Монро направен во 1960-тите, е продаден за 195 милиони долари и стана најскапото уметничко дело од 20. век.

Портретот на Монро од Ворхол стана второто најскапо уметничко дело во светот, по сликата „Салватор Мунди“ на познатиот италијански ренесансен сликар Леонардо да Винчи, која беше продадена за 450 милиони долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.