свет, култура и уметност

Претставата „Тато, не излегувај надвор“, која ја раскажува трагедијата на војната во БиХ презентирана во Тбилиси

- Меѓународниот театарски фестивал „Тбилиски калинки“ во Грузија, прикажана е претставата по сценарио и режија на Јешим Ејубоглу која преку љубовна приказна зборува за трагедијата на војната во Босна и Херцеговина

Ruslan Rehimov  | 30.09.2024 - Обновена : 01.10.2024
Претставата „Тато, не излегувај надвор“, која ја раскажува трагедијата на војната во БиХ презентирана во Тбилиси

ТБИЛИСИ (АА) - Претставата „Тато, не излегувај надвор“, која ја раскажува трагедијата од војната во Босна и Херцеговина, се сретна со публиката во Тбилиси, главниот град на Грузија, известува Анадолу.

Како дел од Меѓународниот театарски фестивал „Тбилиски калинки“ што се одржува во Грузија, претставата по сценарио и режија на Јешим Ејубоглу беше поставена на сцената на Државниот драмски театар „Ахмерели“ од Тбилиси со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ од Тбилиси.

Претставата изведена на турски јазик ја следеа официјални лица од турската амбасада во Тбилиси и голем број гости.

Претставата, која ја раскажува трагедијата на војната во Босна и Херцеговина преку љубовна приказна, привлече големо внимание и кај турските и кај грузиските љубители на уметноста, а актерската изведба наиде на овации од публиката.

Писателката и режисерка Ејубоглу излезе на сцената на крајот од претставата и им се заблагодари на публиката и на сите што придонеле за нејзиното прикажување.

Координаторот на Институтот „Јунус Емре“ од Тбилиси, Зекерија Ѓултекин, во својот говор истакна дека уметноста ги зајакнува културните врски.

„Уметноста е еден од најмоќните начини на културна интеракција меѓу земјите. Ова дело, кое нè потсетува на трагедијата во Босна и Херцеговина, длабоко ја погоди нашата публика, допирајќи ги човечките емоции“, посочи Ѓултекин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.