култура и уметност

Разгледување на Мадрид во олдтајмери стари и до 150 години

- Повеќе од 40 сопственици на олдтајмери се состанаа на плоштадот „Мајор“ во центарот на Мадрид и се упатија кон квартот Хојо де Манзанарес

Şenhan Bolelli  | 07.09.2023 - Обновена : 08.09.2023
Разгледување на Мадрид во олдтајмери стари и до 150 години Фото: Бурак Акбулут / АА

МАДРИД (АА) - Сопствениците на олдтајмери се прошетаа со своите возила по улиците на Мадрид, главниот град на Шпанија, известува Анадолу.

Настанот е организиран од страна на Здружението на ветерани на олдтајмери.

Повеќе од 40 сопственици на олдтајмери се состанаа на плоштадот „Мајор“ во центарот на Мадрид и се упатија кон квартот Хојо де Манзанарес.

И Шпанците и туристите покажаа голем интерес за лимените возила на четири тркала кои се движеа во придружба на полицијата, за да не го попречуваат сообраќајот.

Сопствениците на 100 до 150 години старите олдтајмери од брендовите ролс-ројс, форд, доџ и бјуик, рекоа дека го организираат овој настан четири до пет пати годишно, низ Шпанија.

Мартин Вила Родригез е еден од сопствениците на овие вредни возила.

„Ова возило го возам од својата 17 година. Тоа е неверојатно чувство“, порача Родригез.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.