култура и уметност

Речиси 8.000 гитаристи во Полска влегоа во Гинисовата книга на рекорди

- Во Вроцлав дури 7.967 гитаристи се собраа на градскиот плоштад за да ја свират песната на Џими Хендрикс „Хеј Џо“

Bedrudin Brljavac  | 02.05.2023 - Обновена : 04.05.2023
Речиси 8.000 гитаристи во Полска влегоа во Гинисовата книга на рекорди Фото: Омар Маркес

ВРОЦЛАВ (АА) - Во Полска е забележан интересен обид за уривање на Гинисов рекорд, известува Анадолу.

Во Вроцлав дури 7.967 гитаристи се собраа на градскиот плоштад за да ја свират песната на Џими Хендрикс „Хеј Џо“ и на тој начин влегоа во Гинисовата книга на рекорди.

Музичарите претходните денови пристигнуваа во градот што се наоѓа во југозападниот дел на земјата, во обид да постават нов рекорд.

Минатата година вкупно 7.676 гитаристи се собраа на градскиот плоштад и поставија Гинисов светски рекорд.

Музичарот Лешек Цичонски го започна овој несекојдневен настана во Вроцлав во 2003 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.