култура и уметност

Туркије: Наставникот по визуелни уметности гради бродови од оревови лушпи

- Бати, кој е наставник по визуелни уметности во Мултипрограмската гимназија „Анадолу“ во Јакакент, во слободното време си создал хоби од оревите што ги собира.

Mustafa Çavuş, Veysel Altun  | 08.12.2022 - Обновена : 11.12.2022
Туркије: Наставникот по визуелни уметности гради бродови од оревови лушпи Фото: Вејсел Алтун / АА

САМСУН (АА)

- Мустафа ЧАВУШ / Вејсел АЛТУН


Неџати Џем Бати, кој живее во местото Јакакент во турската област Самсун, ги трансформира лушпите од орев во минијатурни бротчиња, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бати, кој е наставник по визуелни уметности во Мултипрограмската гимназија „Анадолу“ во Јакакент, во слободното време си создал хоби од оревите што ги собира.

Размислувајќи што би можел да прави со лушпите од оревите, Бати се одлучил да гради бродови. Почнал да изработува пиратски и воени бродови кои имал можност да ги види во филмовите или во анимираните филмови од лушпи од ореви.

Бати, откако ќе ја испразни внатрешноста на оревите, користејќи пинцета, остатоците од чкорчиња, памучна крпа (американско платно), силикон, рибарски конец и јаже, лушпите од ореви ги претвора во едреници, од кои поголемиот дел им ги подарува на своите најблиски.

Одговарајќи на прашањата на новинарот на АА, Бати рече дека ужива да прави бродови од оревови лушпи.

Раскажувајќи дека има интерес кон бротчињата бидејќи потекнува од рибарски град, Бати рече: „Јакакент е мал рибарски град. Бротчињата и чамците ги гледам од денот кога сум се родил. Размислувајќи, на ум ми падна идејата, зошто да не направам бротчиња од оревови лушпи? Си го реков тоа и на крајот ова произлезе од таа идеја.“

Говорејќи дека седум години прави бротчиња и чамци од лушпи од ореви и дека неговите први чамци изгледале помали и поедноставни, Бати истакна дека со текот на времето напредувал во изработката на бротчињата.


- „Користам природни производи кои ја завршиле својата функција во природата“

Раскажувајќи дека изработува едреници, бротчиња, воени и пиратски бродови, Бати продолжи со зборовите:

„На почетокот моите ученици и најблиски ми велеа ‘Зошто се измачувате со вака мали нешта, тие изгледаат толку едноставни.’ Но потоа видоа дека работите се сменија, чамците станаа попривлечни и нивната големина се зголеми. Мојата цел не е да ги продавам, градам чамци затоа што тоа ме прави среќен. Користам природни производи кои ја завршиле својата функција во природата. Мене ме прави среќен тоа што им давам нова форма и облик на ореовите лушпи од кои се извадени јатките, и како неатрактивни, ќе се фрлат во ѓубре.“

Наведувајќи дека се потребни најмалку три часа за да се изгради еден брод, Бати рече: „Има некои што не можам да ги завршам ниту за период од 8 до 10 часа. Во едно село во нашата област има едно дрво со големи ореви. Одам таму и ги собирам паднатите ореви. На сопственикот му плаќам за тоа.“

Бати додаде дека на својот профил на социјалните мрежи споделил фотографии од минијатурни чамци направени од оревови лушпи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.