Антитерористички операции во Истанбул, приведени 230 осомничени лица
Во рамките на истрагата за активностите на терористичката организација ПКК, турската полиција рано утринава започна опсежна операција во Истанбул
Ankara
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 230 осомничени се приведени во утринските антитерористички операции што турската полиција ги спроведува на поширокото подрачје на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата за активностите на терористичката организација ПКК, турската полиција рано утринава започна опсежна операција во Истанбул.
Полициски официјални претставници соопштија дека досега е извршен претрес на повеќе од стотина адреси и дека акцијата е во тек заради потрагата по уште 34 лица за кои е издаден налог за приведување.
За време на претресот е запленета поголема количина оружје, муниција и документација поврзани со терористичката организација ПКК.
Турската полиција утринава започна слични антитерористички операции и во регионите на Адана, Измир, Ван, Мерсин, Анталија и во Малатја.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и во САД.
Станува збор за организација којашто својата воена кампања против Турција ја интензивираше во јули 2015 година, а досега во тие напади се убиени најмалку 1.200 цивили и припадници на турските безбедносни сили. Турските безбедносни сили спроведуваат опсежни операции против терористичките елементи во југоисточниот дел на земјата и во северниот дел на Ирак.
Освен во Турција, ПКК дејствува и во соседен Ирак, во кој се наоѓа главното упориште на терористите на планината Кандил, а на северниот дел на Сирија дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.