свет

Во земјотресот и цунамито во Индонезија загинаа 2.045 лица

Портпаролот на Агенцијата за справување со природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека се идентификувани загинатите лица и дека бројот на повредени изнесува 10.679 лица.

Mahmut Atanur  | 10.10.2018 - Обновена : 11.10.2018
Во земјотресот и цунамито во Индонезија загинаа  2.045 лица

Jakarta

ЏАКАРТА (АА) - „Во земјотресот кој на 28 септември го погоди индонезискиот остров Сулавеси и цунамито што следуваше, загинаа 2.045 лица“, се вели од Националната агенција за справување со природни катастрофи (BNPB), јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека се идентификувани загинатите лица и дека бројот на повредени изнесува 10.679 лица.

Тој додаде дека 671 лице исчезнале и дека постои сомнеж дека се под урнатините. Раселени се 82.775 лица.

Според неговите зборови, нанесена е штета на 67.310 објекти, меѓу кои на 2.736 училишта и 20 здравствени установи.

Се очекува акциите за спасување да завршат утре.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.