свет

Меѓународен конвој на совеста: Слобода за жените во Асадовите затвори!

Целта на Конвојот е да се сврти внимание на проблемот на жените кои се изложени на мачење и силување во затворите на сирискиот режим и да се бара нивно итно ослободување

Kenan Irtak  | 02.03.2018 - Обновена : 03.03.2018
Меѓународен конвој на совеста: Слобода за жените во Асадовите затвори!

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Меѓународен конвој на совеста, кој го покрена група жени за да со тоа го сврти вниманието на светската јавност на проблемот на жените кои се наоѓаат во затворите на сирискиот режим на Башар ал Асад, на 6. март ќе тргне од Истанбул кон границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Целта на Конвојот е да се сврти внимание на проблемот на жените кои се изложени на мачење и силување во затворите на сирискиот режим и да се бара нивно итно ослободување.

Адвокатката Гулден Сонмез, заменик претседател на Движењето за правда и заштита на човекови права (IHAK), на конференцијата за медиумите во Истанбул рече дека во војната во Сирија, која влезе во седма година, загинале блиску милион лица, вклучувајќи деца, жени и постари лица.

Нагласи дека според нивните информации, во сириската војна до сега загинале околу 15 илјади деца, додека 13. 581 жени биле изложени на мачење и грубо постапување во затворите на сирискиот режим.

„Моментално во тие затвори се наоѓаат 6.736 жени, од што 417 девојчиња. Изложени се на мачење и всушност, таму чекаат да починат. Ние сакаме да им помогнеме за да конечно излезат на слобода", рече Сонмез.

Истакна дека располагаат информации дека многу жени кои се силувани во тие затвори, подоцна, извршиле самоубиство.

Нагласи дека сексуалните напади на жените, измачувањето и незаконското затворање, според меѓународното право и сите религии, претставуваат воено злосторство против човештвото.

„Сирискиот режим во војната која уште трае силувањето го користи како оружје. За жал, за овој проблем речиси никој не зборува. Слушаме плачење на жените во тие затвори. Седум години чекаме некој да направи нешто за ова прашање. Очекуваме државите и организациите кои поседувааат некоја моќ, да направат нешто. Сакаме да го кренеме гласот за ова прашање и конечно нешто да се направи за овие жени", рече Сонмез.

Истакна дека „Конвојот на совеста" на 6. март со автобуси ќе тргне од Истанбул, а потоа ќе помине преку неколку турски градови и тогаш ќе стаса на границата со Сирија. Планирао е на 8. март на Денот на жените, во Хатај, градот на југот на Турција, до самата граница со Сирија, да биде одржана конференција за медиуми.

Меџит Чорбаџи, кој седум месеци помина во затворот на сирискиот режим, раскажа дека во тој затвор загубил сопруга која починала од последици на измачување.

Истакна дека се уапсени во Дери само затоа што учествувале на мирни протести.

„Ја мачеа мојата сопруга за да им откријам некои работи. Бев затворен во ќелија. Потоа со уште 20 лица бев во една просторија со површина од два метри квадратни. Меѓу нив имаше и повозрасни лица, бремени жени и жени со новороденчиња. Дневно само еднаш можевме да одиме во тоалет. Тука имаше и луѓе кои седум години беа изложени на постојано мачење. Во затворот имаше и деца кои тука се родија и кои тука починаа. Не ми го дадоа ниту безживотното тело на мојата сопруга", раскажа Чорбаџи.

Нагласи дека во тој затвор мажите секој ден биле изложувани на тортура.

„Секој ден можеше да се слушнат гласови на измачувани момчиња кои се уапсени затоа што учествувале на протестите", рече Чорбаџи.

Изрази надеж дека „Конвојот на совеста" ќе помогне жените кои сеуште се наоѓаат во затворите во Сирија да бидат ослободени.

Сириската адвокатка Дима Муса истакна дека во сириските затвори моментално се наоѓаат 7.500 жени.

„Жените не се виновни за нишо. Некои од нив се затворени само затоа што учествувале на мирни протести. Некои се таму за да на тој начин им се заканат на нивните мажи и деца. Изложени се на физичко измачување, насилство и силување. Сакаме жените во тие затвори да бидат ослободени и одговорните да бидат казнети поради своите злодела", рече Муса.

Жени од 55 земји како и бројни здруженија и невладини организации, вклучувајќи ја хуманитарната фондација ИХХ, женската организација Кадем, ИХАК, го поддржаа Меѓународниот конвој на совеста.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.