свет, наука и технологија

Автобуси без возачи на патиштата низ Јужна Кореја

Автобусите сообраќаат помеѓу Трговскиот центар „Севун“ и Плоштадот „Чеонги“, на релација од околу 3 километри

Nuri Aydın  | 25.11.2022 - Обновена : 30.11.2022
Автобуси без возачи на патиштата низ Јужна Кореја Фото: АА/Архива

СЕУЛ (АА) – На патиштата во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, почнаа да се користат автобуси без возачи, произведени од компанијата „Хјундаи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведуваат локалните медиуми, автобусите без возачи, односно автономните автобуси, почнаа да сообраќаат во округот Јонгно-гу.

Автобусите возат помеѓу Трговскиот центар „Севун“ и Плоштадот „Чеонги“, на релација од околу 3 километри.

Автономните автобуси можат да возат во одредена насока благодарение на камерите и ласерските зраци.

Граѓаните можат да ги користат автобусите бесплатно откако ќе резервираат место.

Планирано е релацијата по која се движат автобусите во иднина да биде подолга.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.