Турција, наука и технологија

Во Туркије успешно тестирана националната ракета воздух-воздух Ѓокдоган

„Ѓокдоган може да погоди и невидлива цел! Во рамките на нашиот проект „Ѓоктуг“, ракетата Ѓокдоган, една од нашите национални ракети воздух-воздух, успешно е тестирана, што е многу важен потфат“

Göksel Yıldırım  | 10.07.2022 - Обновена : 11.07.2022
Во Туркије успешно тестирана националната ракета воздух-воздух Ѓокдоган

АНКАРА (АА) - Во Туркије успешно е извршено пробно истрелување на националната ракета воздух-воздух „Ѓокдоган“ со радарски систем за откривање, јавува Агенција Анадолија (АА).

Исмаил Демир, шефот на Канцеларијата за наменска индустрија при Кабинетот на претседателот на Туркије, на својот твитер-профил ги сподели најновите вести за проектот на турската ракета „Ѓокдоган“.

„Ѓокдоган може да погоди и невидлива цел! Во рамките на нашиот проект „Ѓоктуг“, ракетата Ѓокдоган, една од нашите национални ракети воздух-воздух, успешно е тестирана, што е многу важен потфат“, рече Демир и додаде:

„Оваа година ќе ги испорачаме ракетите „Ѓокдоган“ и „Боздоган“ на Турските вооружени сили. Ова е бајрамски подарок за турскиот народ. Им честитаме на сите што дадоа свој придонес за овој потфат.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.