свет, наука и технологија

Во Шпанија откриени останки од неандерталци стари над 50.000 години

Останките стари 50.000 години се состојат од 54 парчиња и вклучуваат делови на возрасно лице, најверојатно жена, како и останки на тинејџер на возраст од 11-12 години и дете на возраст од 7-8 години

Şenhan Bolelli  | 20.09.2023 - Обновена : 21.09.2023
Во Шпанија откриени останки од неандерталци стари над 50.000 години Фото: АА/Архива

МАДРИД (АА) - Останки на неандерталци, вид праисториски луѓе кои живееле во периодот од пред 250.000 до 40.000 години, се пронајдени во пештерата Симања во паркот на природата Сант Лоренц Савал во близина на Барселона, јавува Анадолу.

На прес-конференцијата одржана вчера во Археолошкиот музеј на Каталонија објавено е дека останките стари 50.000 години се состојат од 54 парчиња и вклучуваат делови на возрасно лице, најверојатно жена, како и останки на тинејџер на возраст од 11-12 години и дете на возраст од 7-8 години.

Останките се меѓу најзначајните неандерталски остатоци пронајдени на Пиринејскиот Полуостров кои обезбедуваат увид во распространетоста на неандерталците низ Европа, беше истакнато на прес-конференцијата.

Тековните ископувања во пештерата се спроведуваат во партнерство со неколку универзитети од Шпанија и Италија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.