наука и технологија

Вселенското летало на Индија влезе во орбитата на Месечината

- Доколку биде успешен, Чандрајан-3 ќе ја направи Индија четврта земја што постигнала меко слетување на Месечината

Esra Tekin  | 06.08.2023 - Обновена : 07.08.2023
Вселенското летало на Индија влезе во орбитата на Месечината

Истанбул

Индија објави дека едно од нејзините вселенски летала успешно влегло во орбитата на Месечината, пренесува Анадолу.

Според веста на „АНИ њуз“, Чандрајан-3 влезе во орбитата на Месечината без да наиде на никакви проблеми, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) во објавата на X, порано познат како Твитер.

Леталото ќе ја извршува својата мисија 14 дена или еден лунарен ден по слетувањето на јужниот пол на Месечината.

Тежи приближно 3,9 тони и се состои од сателитски, лендерски и ровер модули. Ќе ја истражува површината на Месечината.

Во претходните обиди со Чандрајан-1 и Чандрајан-2 во 2008 и 2019 година не можеше да се постигне меко слетување на површината на Месечината.

Доколку биде успешна, Чандрајан-3, третата индиска мисија за истражување на Месечината, ќе ја направи Индија четврта земја што постигнала меко слетување на Месечината по САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın