Дубаи воведува летачка такси-услуга до 2026 година
- Обединетите Арапски Емирати во неделата потпишаа договор за лансирање на летачка такси-услуга до 2026 година
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите Арапски Емирати во неделата потпишаа договор за лансирање на летачка такси-услуга до 2026 година, јавува Анадолу.
На тој начин Дубаи ќе стане прв град во светот што ќе лансира комерцијална електрична такси-услуга низ целиот град.
Новинската агенција Емирати (ВАМ) на платформата X објави дека воздушното такси Џоби Авиејшн С4 е дизајнирано да прими пилот и четворица патници и има нулта емисија на издувни гасови.
Таксито, со максимален опсег на летот од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе има четири станици: во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи, во центарот на градот, во Марина Дубаи и во Палм Џумеира.
Времето на патување помеѓу меѓународниот аеродром во Дубаи и Палм Џумеира, кое во моментов трае 45 минути со автомобил, ќе се намали на 10 минути со летачко такси, се вели во соопштението.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.