Кина го лансираше вселенскиот карго брод Тианжу-8
Еден од експериментите на вселенското летало ќе се фокусира на тули направени од симулант на лунарната почва. Овие тули ќе бидат тестирани во суровите услови на вселената.
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина доцна денес го лансираше вселенскиот карго брод Тианжу-8 од центарот за лансирање на вселенски летала „Венчанг“ во јужната провинција Хаинан. Лансирањето е емитувано во живо на државните медиуми, пренесува Анадолу.
Се наведува дека мисијата ќе спроведе серија научни експерименти, и ќе испрати залихи за астронаутите.
Еден од експериментите на вселенското летало ќе се фокусира на тули направени од симулант на лунарната почва. Овие тули ќе бидат тестирани во суровите услови на вселената со цел да се оцени нивната соодветност за изградба на лунарни живеалишта.
Тулите ќе бидат подложени на тестови за издржливост во текот на три години, со „бомбардирање“ од ултравиолетова светлина и космичките зраци, како и со екстремните температурни варијации.
Ова ќе ја процени нивната сила и издржливост во екстремни средини и ќе се набљудуваат перформансите на материјалите во вакуумски простор.
Кина има за цел да ја основа својата Меѓународна станица за истражување на Месечината (ILRS) во 2030-тите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.