Кина стана прва земја во светот со над 4 милиони патенти за иновации
Националната администрација за интелектуална сопственост соопшти дека Кина на крајот од минатата година поседувала околу 4,02 милиони домашни валидни патенти за иновации
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина ја надмина бројката од 4 милиони валидни домашни иновативни патенти, со авторизацијата на 921.000 патенти во изминатата 2023 година, со што стана прва во светот по нивниот број, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.
Националната администрација за интелектуална сопственост соопшти дека Кина на крајот од минатата година поседувала околу 4,02 милиони домашни валидни патенти за иновации.
„Минатата година, напредуваше со 22,4 отсто во однос на 2022 година“, изјави Ху Венхуи, заменик-шеф на администрацијата.
„Патентите со висока вредност сочинуваат над 40 отсто од вкупниот број, што покажува дека Кина е вистинска сила кога станува збор за иновативните патенти и постојано придонесува за глобалните иновации“, нагласи тој.
Ху додаде дека бројот на „валидни патенти на иновации“ во Кина надминал 4,99 милиони до крајот на 2023 година, додека бројот на валидни заштитни трговски ознаки во земјата достигнал 46,15 милиони.
„Кина, исто така, одобри вкупно 2.508 производи со географски ознаки (местото на потекло на стоката) до крајот на 2023 година, при што годишната вредност на производството на производите со географски ознаки надмина 800 милијарди јуани (околу 112,2 милијарди долари)“, соопшти администрацијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.