наука и технологија

Кинеските истражувачи пронајдоа скелет од непознат морски влекач

- Истражувачите во Кина откопаа остатоци од морски влекач за кој се проценува дека живеел пред околу 250 милиони години

Emre Aytekin  | 14.04.2022 - Обновена : 18.04.2022
Кинеските истражувачи пронајдоа скелет од непознат морски влекач Фото: Илустрација / АА

ПЕКИНГ (АА) - Истражувачите во Кина откопаа остатоци од морски влекач за кој се проценува дека живеел пред околу 250 милиони години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на Кинеската глобална телевизиска мрежа (CTGN), истражувачите од кинескиот Универзитет за географски науки во Вухан пронашле скелет на суштество од типот „ихтиосаур“, што од грчки значи „рибен гуштер“ во автономниот регион Гуангкси Чуанг во југозападниот дел на земјата.

Утврдено е дека скелетот од раниот тријаски период е досега непознат морски влекач во облик на ихтиосаур.

Се проценува дека суштеството наречено Baisesaurus robustus е морски предатор долг 3 метри.

Ихтиосаурите, кои живееле во исто време со диносаурусите, се појавиле пред околу 250 милиони години, а исчезнале пред 90 милиони години.

Научниците се надеваат дека скелетот ќе овозможи да се стигне до нови откритија за потеклото на видот на влекачот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın