Лабораторија во Токио го креираше „AI Scientist“, прв истражувач со вештачка интелигенција во светот
„AI Scientist“ е дизајниран за научни истражувања од идеја до извештај сето тоа самостојно
ИСТАНБУЛ (АА) - Лабораторија за висока технологија со седиште во Токио го претстави првиот во светот „Научник со вештачка интелигенција“ (AI Scientist) - најсовремена програма за вештачка интелигенција способна за нови научни откритија, јавува Анадолу.
„AI Scientist“ е дизајниран за научни истражувања од идеја до извештај сето тоа самостојно.
„Може да дојде до нови идеи, да создаде методологија, да спроведе тестови и да напише извештај за тоа, сето тоа за приближно 15 долари по труд“, според „Sakana AI“, производителот на новата технологија.
Системот, исто така, може да учи од сопствените извештаи, развивајќи и подобрувајќи идеи преку повеќе извештаи, се наведува од „Sakana AI“ во својот најнов истражувачки труд.
„Сепак на почетокот постојат ограничувања и предизвици присутни во системот“, се додава од „Sakana AI“, осврнувајќи се на неправилната имплементација на идеите, распоредот на страниците и споредувањето на големината на два броја.
Се истакнува дека „AI Scientist“ се обидел да ги зголеми своите шанси за успешно генерирање извештај со модифицирање на сопствениот код и параметри, обидувајќи се да си даде повеќе време наместо да ги прави работите побрзо.
Иако „AI Scientist“ има потенцијал да се користи неетички со манипулирање и плагијати, сепак, означува значаен чекор кон остварување на целосниот потенцијал на вештачката интелигенција во научното истражување, се вели во истражувачкиот труд.
„Веруваме дека 'AI Scientist' ќе им биде одличен придружник на човечките научници, но само времето ќе покаже до кој степен природата на нашата човечка креативност и нашите моменти на неочекувани иновации можат да се реплицираат со отворен процес на откривање спроведен со вештачки агенти“, се вели.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.