Научниците открија фосил на месојаден црв стар 518 милиони години
Фосилот на црвот Тиморебестиа стар околу 518 години, откриен во подрачјето на Северен Гренланд, има должина од 30 сантиметри, има перки, голема вилица и долги антени
АНКАРА (АА) - Научниците открија фосил на месојаден црв стар 518 милиони години, пренесува Анадолу.
Според веста на „Њу Атлас“, истражувачи од Универзитетот Бристол сметаат дека овој црв, именуван како Тиморебестиа, е еден од првите месојадни суштества што живееле во вода.
Фосилот на црвот Тиморебестиа стар околу 518 милиони години, откриен во подрачјето на Северен Гренланд, има должина од 30 сантиметри, има перки, голема вилица и долги антени.
Наведувајќи дека Тиморебестиа бил многу блиску до врвот на синџирот на исхрана во периодот во кој живеел, истражувачите велат дека пронајдениот фосил може да фрли светлина врз еволутивниот процес на црвите Чаетогнати.
Истражувањето е објавено во списанието „Сајанс адвансес“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.