наука и технологија

Нов вид диносаурус откриен во Зимбабве

Откритието покажа уникатни карактеристики по кои се разликуваат од другите познати видови диносауруси

Muhammed Yasin Güngör  | 31.05.2024 - Обновена : 01.06.2024
Нов вид диносаурус откриен во Зимбабве Фото: АА/Илустрација

ИСТАНБУЛ (АА) - Истражувачите открија нов вид диносаурус во Зимбабве, пренсува Анадолу.

Тие ги открија коските на новиот вид диносаурус во близина на езерото Кариба на границата со Замбија, кои датираат од пред околу 210 милиони години до доцниот тријас.

Откритието покажа уникатни карактеристики по кои се разликуваат од другите познати видови диносауруси од таа ера.

Овој вид е идентификуван како ран вид од сауроподоморфната група, познат по долгиот врат и тревопасната исхрана, наречени Musankwa sanyatiensis.

Ова го означува четвртото откритие на диносаурус во Зимбабве и го нагласува богатиот потенцијал на регионот за палеонтолошки истражувања.

Истражувањето беше спроведено од тим од универзитетите Витвотерсранд и Стони Брук, заедно со Природонаучниот музеј на Зимбабве и Природонаучниот музеј во Лондон, и објавено во списанието „Acta Palaeontologica Polonica“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın