наука и технологија

Повторно одложено враќањето на вселенската мисија Аксиом-3

- Враќањето на Земјата на вселенското летало Драгон и тимот на Аксиом-3 (Ax-3), вклучително и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено поради неповолното време на брегот на Флорида

Diyar Güldoğan  | 06.02.2024 - Обновена : 07.02.2024
Повторно одложено враќањето на вселенската мисија Аксиом-3

ВАШИНГТОН (АА) - Враќањето на екипажот на мисијата Аксиом-3 од Меѓународната вселенска станица (ИСС) повторно е одложена поради неповолни временски услови, соопштија од СпејсИкс, пренесува Анадолу.

Приватната вселенска компанија соопшти дека враќањето на Земјата на вселенското летало Драгон и тимот на Аксиом-3 (Ax-3), вклучително и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено поради неповолното време на брегот на Флорида.

„Вселенското летало и екипажот на Ax-3 се здрави, а тимовите ќе продолжат да ги следат временските услови за следната достапна можност“, соопштија од СпејсИкс.

Враќањето на тимот на Ax-3 на Земјата беше планирано за 3 февруари, но беше одложено за 5 февруари, а потоа повторно е одложено поради неповолните временски услови на брегот.

Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари од Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија СпејсИкс, пристигнувајќи на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари.

Екипажот имаше задача да спроведе повеќе од 30 научни експерименти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın