Првиот турски електричен автомобил ТОГГ излезе од производната лента
Во комплексот Гемлик, во областа Бурса, Туркије, се одржа свечено отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил ТОГГ
БУРСА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на 99-годишнината од Денот на Републиката, го спушти од производната линија првиот турски електричен автомобил ТОГГ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган претходно го посети комплексот Гемлик, во турската област Бурса, каде што се одржа церемонијата на отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил ТОГГ.
Турскиот претседател и неговата сопруга се фотографираа со инженерите и работниците во фабриката, а потоа го тестираа возилото ТОГГ.
Во комплексот Гемлик, во областа Бурса, Туркије, се одржа свечено отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил ТОГГ.
Свечената церемонија се одржа на националниот празник Денот на Републиката, кој Туркије го одбележува на 29 октомври. Оваа година Републиката го слави својот 99-ти роденден.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.