Турција, наука и технологија

Светски лекари во живо ги следеа роботските операции на срце изведени од турските хирурзи

„Внимателно ги следиме случувањата паралелно со светот, па дури го презедовме и водството во некои полиња. Едно од овие полиња е кардиоваскуларната хирургија.“

Yeşim Sert Karaaslan  | 17.09.2023 - Обновена : 19.09.2023
Светски лекари во живо ги следеа роботските операции на срце изведени од турските хирурзи

АНКАРА (АА) – ЈЕШИМ СЕРТ КАРААСЛАН -

Операции на срцето што турските хирурзи ги извршија во живо на тројца пациенти со затворена метода без отворање на градниот кош, во живо ја следеа лекари од странство и од земјата, јавува Анадолу.

Лекарите ги извршија операциите на чело со специјалистот за кардиоваскуларна хирургија проф. д-р. Серкан Дурду.

Дурду рече дека срцевите заболувања, кои се најчести здравствени проблеми во светот и Туркије, се првите причинители за смрт.

Наведувајќи дека со развојот на технологијата се направени важни чекори во здравјето на срцето, Дурду објасни дека револуционерните иновации во лекувањето ја зголемуваат удобноста на пациентот.

Истакнувајќи дека турската медицина има спроведено значајни истражувања во многу области, тој рече: „Внимателно ги следиме случувањата паралелно со светот, па дури го презедовме и водството во некои полиња. Едно од овие полиња е кардиоваскуларната хирургија.“

Дурду наведе дека техниката наречена „мини-инвазивна“, која се изведува со затворена метода со мал рез, се применува во неколку центри во светот.

Потенцирајќи дека турските хирурзи се пример во светот со својата успешна работа во оваа област, Дурду наведе дека тие обезбедуваат обука на кардиохирурзи од земјата и странство со операции на срце кои се следат во живо.

„На обуката учествуваа хирурзи од Германија, Велика Британија, Ирак, Иран, Белгија, како и Киргистан и Узбекистан. Практично се демонстрирани операции во живо со употреба на инвазивни и роботски хируршки методи“, појасни Дурду.

Тој наведе дека во тој контекст биле направени три операции во живо, а оваа метода е изведена кај двајца пациенти.

„Овие пациенти имаа стеноза и оклузија на срцевите крвни садови. Успешните операции се направени со минимално инвазивен и затворен метод. На друг пациент му беше имплантиран срцев залисток со роботска операција", рече Дурду.

Како што нагласи, најважна предност е тоа што со високотехнолошките производи кои се користат за време на операцијата се зголемува квалитетот на операцијата и можат да се избегнат сите компликации кои може да ги предизвика отворената операција.

„Бидејќи градниот кош не се отвора, има помалку лузни. Ризикот од инфекции во голема мера е елиминиран, ризикот од крварење е намален, нема проблеми со белите дробови поврзани со операцијата, а избегната е и трансфузијата на крв“, објасни Дурду.

Како што рече, времетраењето на престојот во болница е значително пократко.

Дурду нагласи дека се горди што Туркије е светски бренд во здравствениот туризам.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.