Турција, наука и технологија

Турското беспилотно летало АНКА успешно ги поминува предизвикувачките тестирања

Постојано стекнувајќи нови способности, АНКА III додаде уште еден успешен тест за гаѓање во своите достигнувања со различна муниција од турско производство

Ekipa  | 17.03.2025 - Обновена : 17.03.2025
Турското беспилотно летало АНКА успешно ги поминува предизвикувачките тестирања

ИСТАНБУЛ (АА) - АНКА III, еден од високопрофилните беспилотни летала на Туркије, произведени и дизајнирани во земјата, успешно погоди цел користејќи ја муницијата ЛГК-82 на турскиот одбранбен гигант АСЕЛСАН, јавува Анадолу.

Постојано стекнувајќи нови способности, АНКА III додаде уште еден успешен тест за гаѓање во своите достигнувања со различна муниција од турско производство.

Овој пат АНКА III успешно ја погоди одредената цел со муницијата ЛГК-82 на АСЕЛСАН.

Халук Ѓорѓун, претседател на Турската агенција за одбранбена индустрија (SSB), на својот профил на Х сподели дека успешното истрелување од страна на АНКА III на муницијата ЛГК-82 на АСЕЛСАН ги подигнува воздухопловните капацитети на Туркије на ново ниво.

Тој истакна дека оваа важна способност е опиплив показател за националната инженерска сила и решителниот напредок на турската одбранбена индустрија.

„Од срце им честитам на сите наши инженери, технички тимови и подизведувачи вклучени во проектот, особено на АСЕЛСАН и Турски воздухопловни индустрии (ТАИ). Секој нов успех дополнително ги зајакнува нашите чекори кон независна и силна Туркије“, истакна Ѓорѓун.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.