наука и технологија

„Истражувањата покажуваат дека вакцините против коронавирусот немаат сериозни негативни последици“

Д-р Сема Туран истакна дека нема валидност во поврзувањето на мозочните или срцевите удари со вакцината

Yeşim Sert Karaaslan  | 21.01.2023 - Обновена : 23.01.2023
„Истражувањата покажуваат дека вакцините против коронавирусот немаат сериозни негативни последици“

АНКАРА (АА) - Имунизацијата против коронавирусот значително го намалува ризикот од сериозни болести, изјави д-р Сема Туран, членка на турскиот Научен комитет за коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Таа истакна дека нема валидност во поврзувањето на мозочните или срцевите удари со вакцината.

„Постојат само неколку извештаи во литературата кои покажуваат зголемување на мозочните удари како несакана последица од вакцините против Ковид-19. Ова укажува дека имунизацијата има низок ризик од големи несакани последици“, изјави д-р Туран за АА.

Таа рече дека структурата на вирусот еволуирала од неговите рани фази до варијантата омикрон која е сега активна.

Д-р Туран ја нагласи малата опасност на вирусот и рече дека резултатите за тежината на болеста од варијантата омикрон откриваат дека вирусот сега предизвикува клиничка слика слична на сезонски грип.

„Сериозна клиничка слика може да се развие само кај луѓе постари од 65 години со дополнителни хронични болести и послаб имунолошки систем, дури и ако вирусот не е Ковид“, рече таа.

„Ја следевме состојбата на нашите пациенти пред и по вакцинацијата. Според наодите од студијата, бројот на пациенти на кои им е потребна клучна медицинска помош по примањето на вакцината против Ковид-19 драматично е намалена. Ова покажува дека вакцината е најважното и најзаштитното оружје што го имаме против болеста“, додаде Туран.

Таа нагласи дека лицата над 40 години секогаш се во опасност да добијат мозочен или срцев удар, и дека оние со семејна историја треба внимателно да се следат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.