Бачев: Еднаков пристап за сите политички партии
- Од партијата велат дека оспоруваат две одредби од изборниот законик во делот на медиумското претставување на партиите
Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Народно движење за Македонија (НДМ) денеска поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оспорување на одредбите од Изборниот законик, јавува Anadolu Agency (AA).
Од партијата велат дека оспоруваат две одредби од изборниот законик во делот на медиумското претставување на партиите. Во тие одредби според нив, се вели дека радиодифузерите на час емитувана програма можат да емитуваат по осумнаесет минути програма рекламирање на политичките партии.
"Од тие осумнаесет минути, осум се предвидени за владеачката партија ВМРО ДПМНЕ, осум минути за опозициската СДСМ, една минута за партиите кои што немаат пратеничка група и само една минута за сите останати партии кои не се претставени во собранието", изјави Јанко Бачев, претседател на НДМ.
Според Бачев, ова е длабоко дискриминирачка одредба која што обезбедува нерамноправен и нееднаков настап на изборите.
"Уште поинтересен е случајот кај јавниот радиодифузен сервис, поточно кај Македонската радиотелевизија, каде што МРТВ за време на изборите 30 проценти од програмата ќе емитува дневни настани од земјата и странство, 30 проценти за владеачката партија ВМРО ДПМНЕ, 30 проценти за опозициската СДСМ и само 10 проценти за сите останати партии", смета Бачев.
Од Народното движење за Македонија сметаат дека лидерите на двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со ваквите одредби си ја имаат договорено демократијата само за себе, а не и за останатите партии.
Од партијата ги повикаа двајцата лидери до одржување на изборите да го сменат изборниот законик согласно уставот и законите со што би се обезбедил еднаков еднаков пристап за сите политички партии.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.