Турција, политика

Врховна изборна комисија на Туркије: Претседателот Ердоган води со 53,41 отсто од гласовите

Досега се пребројани 75,42 отсто гласови, соопшти претседателот на Комисијата, Јенер

Beyza Binnur Dönmez  | 28.05.2023 - Обновена : 28.05.2023
Врховна изборна комисија на Туркије: Претседателот Ердоган води со 53,41 отсто од гласовите

АНКАРА (АА) - Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, истакна дека се пребројани 75,42 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во земјата, јавува Анадолу.

„Претседателот Ердоган води со 53,41 отсто гласови, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови“, рече Јенер во изјавата за медиумите во Анкара.

Над 64,1 милион граѓани беа регистрирани за гласање, вклучително и над 1,92 милиона што претходно гласаа на гласачките места во странство.

Вкупно 191.885 гласачки кутии беа поставени за гласачите низ Туркије.

Милиони гласачи излегоа на гласање во првиот круг избори на 14 мај за да изберат претседател на земјата и членови на нејзиниот Парламент од 600 места.

Народна алијанса на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган освои мнозинство над шестпартитната опозициска Национална алијанса во Парламентот.

Во вториот круг гласање турските гласачи гласаа за претседател на земјата, избирајќи помеѓу актуелниот претседател Ердоган и противкандидатот од опозицијата Кемал Киличдароглу откако ниту еден кандидат не ги освои потребните 50 отсто во првиот круг, иако Ердоган беше во водство со 49,52 отсто.

Народна алијанса на Ердоган, исто така, освои мнозинство во Парламентот на изборите на 14 мај.

До Ердоган почнаа да пристигнуваат честитки и од светските лидери, меѓу кои се и лидерите на Пакистан, Катар, Унгарија и Сомалија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın