свет, политика

Германија сака да ги зајакне односите со Туркије

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер треба да ја посети Туркије на 5 февруари, каде што во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Cüneyt Karadağ  | 29.01.2025 - Обновена : 30.01.2025
Германија сака да ги зајакне односите со Туркије

БЕРЛИН (АА) - Германија сака да ги унапреди односите со Туркије, објавија германски дипломатски извори, јавува Анадолу.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер треба да ја посети Туркије на 5 февруари, каде што во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Германските власти истакнаа дека неодамнешните случувања во Сирија дополнително го подигнаа значењето на Туркије во регионот.

Тие истакнаа дека Штајнмаер смета дека започнувањето инклузивен процес во Сирија е од клучно значење и има цел да ја зајакне соработката со Туркије.

Во рамките на турнејата Штајнмаер ќе ги посети и Саудиска Арабија и Јордан.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.