Турција, политика

Ердоган: Победник на изборите се сите наши 85 милиони граѓани

„Упатувам благодарност до секој поединец од нашиот народ што со својот избор уште еднаш ни ја даде одговорноста за раководење со земјата во наредните пет години“, рече турскиот претседател

Diyar Güldoğan  | 28.05.2023 - Обновена : 29.05.2023
Ердоган: Победник на изборите се сите наши 85 милиони граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, кој води на претседателските избори во земјата, истакна дека победник на изборите се сите 85 милиони граѓани на Туркије, јавува Анадолу.

„Победник на изборите и на 14 и на 28 мај се сите наши 85 милиони граѓани“, нагласи Ердоган во своето обраќање во Истанбул.

„Рековме 'ќе победиме на начин на кој никој нема да губи'. Така, денес единствен победник е Туркије“, додаде Ердоган.

Турскиот претседател рече дека со оваа победа вратата на „Столетието на Туркије“ се отвори.

„Го завршивме вториот круг од претседателските избори со волјата на нашиот народ“, рече тој.

„Упатувам благодарност до секој поединец од нашиот народ што со својот избор уште еднаш ни ја даде одговорноста за раководење со земјата во наредните пет години“, додаде Ердоган.

Ердоган води со 53,41 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови, изјави Ахмет Јенер, претседател на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın